Основни услуги

Основите услуги кои се нудат во Домот се следните:

Сместување со целосен престој
Пациентите се сместени во еднокреветни или двокреветни соби кои се опремени со:

Три оброка на ден
Оброците се подготвуваат секојдневно, по желба на клиентите, при што нивните лични желби се усогласуваат со нивната општа старосна и здравствена состојба, врз основа на медицинска консултација.

Медицинска заштита
На пациентите им се обезбедува целосна медицинска заштита од страна на постојните државни здравствени институции со кои домот има изградено однос на соработка. Домот исто така обезбедува услуга за снабдување со лекови во случај на нивен недостаток на пазарот.

Вработени
Домот за стари лице го опслужува високо професионален тим од: Доктори, Психолог, Физиотерапевти, Медицински сестри, Негователи, Хигиеничари, Кувари и др.
24 часа на ден се пружи професионална нега на старите лица.

Дневна нега
Дневната нега се состои: помош при вршење на утринската тоалета, доручек, социјализација (вежбање, читање весници, дружење), ручек, пладневна тоалета, одмор, вечера и вечерна тоалета.

Домот има сопсвена перална каде что се одржува хигиената на облеката и постелата на своите штитеници.

Организирање на културно-забавен живот

Медицински прегледи во домот
Во соработка со амбулантата Гери Медикал која е сместена во просториите на домот, пациентите добиваат општи лекарски прегледи.(лабороторија, ЕКГ, ЕХО)


За успешно реализирање на секојдневната програма, медицинските сестри се поделени на 5-8 пациенти, во зависносто од бројот на пациенти во соба. Одговорноста на медицинските сестри е пациентите да бидат среќни, задоволни и услужени во секое време. Во домот исто така има вработено психолог кој е вклучен во секојдневните активности на пациентите и кој се грижи за подобрување на нивното расположение.

Бидете хумани, ДОНИРАЈТЕ!!!

http://novpocetok.kauza.mk/

Стандарди