Услуги
Главната услуга на домот е грижа на стари и изнемоштени лица и нивно сместување надвор од нивното семејство или во недостаток на нивното семејство и тоа во едно-креветни, дво-креветни и тро-креветни соби, зависно од желбата и потребата на пациентот. Сегашниот капацитет на домот е 26 соби кои во зависност од нивната големина и оперативните потреби на домот се пренаменуваат во едно, дво или тро-креветни соби.
